Information in Community Languages - Macedonian
Информации на јазиците на заедниците
Викториската влада сака Викторија да биде место каде луѓето ќе чувствуваат дека му припаѓаат, без оглед на нивната култура, способности, возраст и пол. Како дел на визијата на Викторискиот државен план за лица со попречености 2002-2012, Службите за лица со попречености (Disability Services) даваат поддршка и услуги што им одговараат на потребите на секој поединец.
Поддршката може да помогне:
- Околу животот во вашиот дом
- Да бидете дел на вашата заедница
- На семејствата и старателите.
Поддршката опфаќа:
- Комунална поддршка како што се услуги на вашата општина или област, комунални здравствени центри или „соседска куќа“ (neighbourhood house)
- Специјалистичка поддршка на лица со попречености
- Сместување
Службата за прифаќање и помош на лица со попречености (Disability Intake and Response Service) може да даде информации за поддршката и услугите за лица со попречености, нивните семејства и старатели. Таа Служба исто така може да обезбеди помош во планирањето и поддршката на лица со попречености, нивните семејства и старателите во нивната општина.
Ако чувствувате потреба да разговарате со некој за поддршката и услугите кои може да се добијат во вашата локална област, јавете се на вашата обласна Служба за прифаќање и прием на лица со попречености
Дали ви треба преводач?
Ве молиме телефонирајте на Преводачката служба на 13 14 50 и побарајте да ве поврзат со соодветна регионална служба за прифаќање и помош на лица со попречености.
Информативни брошури
Од интернет може да ја преземете
Брошурата со информации и поддршка на лица со попречености (PDF 49KB) (2 страници) со информации на македонски јазик за поддршката и услугите.
Ако ви требаат алтернативни формати на брошурата или имате тешкотии “прилозите“ (attachments) да ги преземете од интернет, јавете се по електронска пошта на Службите за лица со попречености на адреса disability.services@dhs.vic.gov.au.
Дополнителни информации
- Интернет именик на службите за поддршка на лица со попречености – пребарување на интернет на службите на кои може да им се обратите на вашиот јазик
- Именик на здравствени преводи - водич во здравствени информации преведени на јазици кои не се англискиот

(PDF, 65KB)