What is family violence - in Macedonian

Read about the What is family violence in English

Што е семејно насилство?

Во семејно насилство спаѓаат:

  • физичко повредување
  • сексуален напад
  • емоционално и психолошко малтретирање
  • вербално малтретирање
  • закана со насилство врз вас или други луѓе
  • следење
  • контролирање на вашите пари
  • повредување животни
  • оштетување на ваш имот и работи
  • секое однесување што предизвикува да живеете во страв
  • изолација од семејството, пријатели и друштво
  • закана со депортација (на жени без постојано жителство)
  • ускратување / спречување на пристап кон лични документи како што е пасошот
  • изложување на вашите деца на било кое од погоре наведените однесувања
  • Закана со отстранување на вашите деца од Австралија

Според викториските закони, „семејно насилство“ може да стори секое лице со кое имате интимни лични врски. Тоа може да биде вашиот сегашен или бивш партнер, член на семејството или лице што го сметате за член на семејството.

Што може да сторам?

Планирање на безбедноста

Направете план за безбедност во случај да мора итно да заминете од дома. Службеник за семејно насилство (family violence worker) може да ви помогне да направите план за безбедност. Работи што треба да се земат предвид:

Ако мислите дека насилството дома ќе се зголеми или веќе се зголемило:

  • Оддалечете се од ситуацијата ако е можно
  • Утврдете на кои безбедни места дома или надвор од домот може да отидете
  • Спакувајте ги важните работи што може да ги понесете (на пример, лични документи, основни лекови, пари, важни телефонски броеви итн.)
  • Кај некого во кого имате доверба оставете копии на важни документи
  • Однапред испланирајте каде ќе одите
  • Идентификувајте сосед или сосетка на кои може да им кажете за насилството и побарајте да повикаат полиција ако слушнат врева во вашата куќа
  • Подгответе план за безбедност на вашите деца, вклучително каде може да отидат ако не се чувствуваат безбедни и што да прават во вонредна ситуација
  • Јавете се на полицијата штом ќе биде безбедно, за да го пријавите инцидентот
  • Ако е безбедно, јавете се на WDVCS (24 часа дневно, 7 дена во неделата) на 1800 015 188

Ако сте се разделиле од вашиот партнер:

  • Сменете го бројот на вашиот мобилен телефон и наместете го на ‘private’. Користете различна SIM картичка ако треба да комуницирате во врска со децата.
  • Водете дневник на насилнички или застрашувачки инциденти. Тоа може да помогне ако и кога ќе одлучите да побарате Intervention Order
  • Обидете се редовно да ги менувате вашите вообичаени постапки
  • Вашата кола паркирајте ја на безбедно и јавно место
  • Ако го видите вашиот партнер или бивш партнер, час поскоро отидете на јавно или прометно место
  • Ако работите, разговарајте со вашиот работодавец како тој може да помогне да бидете безбедни на работа

Како да останете безбедни на интернет/социјалните мрежи

  • Сменете ги или избришете сметките на Фејсбук – вашата и на вашите деца
  • Сменете ја вашата сметка за електронска пошта (email) и направете ја потешка за откривање
  • Исклучете ги сите GPS функции на мобилните телефони – вашиот и на вашите деца.
  • Користете јавен компјутер или компјутер на некој пријател/пријателка, на кој вашиот партнер или бивш партнер нема пристап.

Како да помогнете вашите деца да бидат безбедни

  • Помогнете им на вашите деца да ги препознаваат знаковите на опасност
  • Научете ги вашите деца кому може да се јават или каде да се јават во вонредна ситуација, како да повикаат 000 и што да кажат (на пример, да ја дадат адресата)

Во училиштето или градинката кажете за насилството, вклучувајќи ги сите специјални услови за пристап до децата наведени во Intervention Order

Кому може да се јавам?

Веднаш побарајте помош – семејно насилство

Ако ви треба помош, има повеќе телефонски броеви на кои може да се јавите за поддршка што е бесплатна и во доверба. Кога се јавувате на тие броеви, побарајте преведувач ако ви треба.

Директна опасност

Полиција и Итна медицинска помош: 000

Ако вие или некој што го познавате е во директна опасност.

Женска кризна служба против домашно насилство (Women's Domestic Violence Crisis Service - WDVCS)

Телефон: 1800 015 188 (бесплатни повици во Викторија) 24 часа, седум дена во неделата.

WDVCS е доверлива телефонска служба која дава информации, поддршка и пристап до безбедно сместување.

inTouch – Мултикултурен центар против семејно насилство

Телефон: 1800 755 988 (бесплатни повици во Викторија)

Или 03 9413 6500

Работно време: 9 наутро до 5 попладне, понеделник до петок

Нуди услуги, програми и активности во врска со прашања на семејното насилство во културолошки и јазички разнолични заедници.

Машка служба за упатување (Men's Referral Service)

Телефон: (03) 9428 2899 или 1800 065 973 (бесплатни повици во Викторија) Понеделник до петок, 9 наутро до 9 навечер

The Men's Referral Service е анонимна телефонска услуга во доверба, што мажи ја даваат на мажи.

Како може да помогне разговор со службеник за семејно насилство?

Службеник за семејно насилство може да пружи бесплатна поддршка во доверба околу следното:

  • Да ви даде поддршка на направите план за безбедност
  • Да ви даде поддршка да добиете Intervention Order
  • Пристап кон медицински услуги
  • Советување и разговор за вашите чувства
  • Наоѓање безбедно сместување и место за живеење
  • Поддршка да добиете правни услуги
  • Поддршка во суд
  • Апликација за жртви на криминално дело (Victims of Crime)
  • Помош околу вашата виза
  • Сé друго што може да е потребно за да бидете безбедни
  • Добивање непосредна поддршка и финансирање ако вие или вашите деца имате инвалидност, за да останете во вашиот дом или да добиете сместување во кризна ситуација

Како полицијата и судовите може да помогнат?

Постојат закони за да ве заштитат од семејно насилство

  • Полицијата:
    • може да издаде итна безбедносна белешка по работно време (after hours safety notice)
    • може да ви издаде intervention order
    • може да поднесе кривична пријава (criminal charges)
    • може да прими извештаи за малтретирање што се случило во минатото
  • Magistrates Court
    • може да добиете intervention order од Magistrates Court за насилното лице да се држи настрана од вас и вашиот дом
    • може да барате теренски службеник за семејно насилство со потекло од неанглиско говорно подрачје
    • може да барате во судот да имате преведувач
  • Семеен суд (The Family Court)
    • може да издаде налог за безбедни аранжмани за вашите деца, кога постои спор
    • може да барате во судот да имате преведувач
  • Трибунал за помош на жртви на кривични дела (Victims of Crime Assistance Tribunal - VOCAT)
    • може да ви помогне околу итни трошоци и опоравување
  • Правници можат
    • да ви ги објаснат вашите законски права и да ви помогнат да ги користите

Languages display best in modern browsers. Languages are also available in PDF and Word.

Request more information about this topic.
[close]

For more information:

Contact us.